Connect with us

Фудбал

Суарез: Му велевме на Нејмар да не оди во ПСЖ, но не не послуша!

Луис Суарес изјави дека бразилскиот фудбалер Нејмар ќе ја освоеше „Златната топка“ доколку во 2017 година, одлучеше да остане во Барселона. Нејмар го смени Каталонскиот клуб во ПСЖ за 222 милиони евра.

„Кога се натпреварував со Кристијан Роналдо за Златната Топка Меси и Нејмар ми помогнаа да победам. Ми ги препуштија пеналите и ми местеа голови. Секогаш ќе им бидам благодарен, вели Суарез.

Уругвајскиот фудбалер повтори дека му е жал што Нејмар замина од Барселона.

 

-Му кажавме на Нејмар дека Барселона ќе донесе засилувања, бидејќи сакавме да ја вратиме титулата на „Камп Ноу“. Ние го советувавме да остане, но неговото семејство беше против. Му рековме, Нејмар ако си одлучил да заминеш, тогаш оди во Англија, таму фудбалот е подобар. Јасно ми е дека фудбалот во Франција напредувал, но подобро му беше да останеше во Барселона, вели Суарез, кој сега е дел од Гремио.

Инаку, Нејмар со ПСЖ освои 12 трофеји.