Поврзи се со нас

Фудбал

Суарез: Нема да славам ако дадам голот против Барселона, но ќе дадам максимум во дресот на Атлетико

Мадрид, 7 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Атлетико, Луис Суарез ги сподели своите очекувања за натпреварот против Барселона предвиден да се игра по паузата за репрезентативни средби.

Суарез од шпанските новинари беше запрашан дали ќе слави ако постигне гол против поранешниот тим.

– Не, нема да славам од почит кон моите поранешни партнери и клубот што ми даде толку многу. Очигледно, ова ќе биде посебен меч за мене, ќе излезам на терен против толку многу пријатели. Но, во исто време, ќе дадам сè за овој дрес (Атлетико), како што направив во сите клубови. Уживам во моите натпревари и навистина сакам да продолжам да му покажувам на светот каков одличен играч сум, изјави Суарез.

Тој зборуваше и за односите со Лионел Меси.

– Сè уште редовно комуницираме. Но, ние зборуваме за животот – за она што се случува во секојдневниот живот. Нашите деца имаат родендени наскоро и сега зборуваме за такви работи. Имаме многу добри односи, затоа не разговараме само за фудбал. Ние се обидуваме да се поддржуваме едни со други кога станува збор за лични прашања и за нашите чувства, додаде Суарез. зс/

loading...

Facebook