Поврзи се со нас

Фудбал

Суарез одбил 32 милиони евра за 4 години во САД

Мајами, 19 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез ја одбил понуда на Интер Мајами, тврди „ЕСПН“.

Понудата била за 4 сезони со годишна плата од осум милиони евра. Клубот на Дејвид Бекам најпрво го посакувал Суарез, а ангажираниот Гонзало Игуаин беше резерва.

Платата на Уругваецот би ја надминала дури и платата на Златан Ибрахимовиќ, бидејќи Швеѓанецот потпиша за околу 6 милиони по сезона.

Луис Суарез беше најблиску до Јувентус, но последните денови оваа опција изгледа далечна, поради желбата на Андреа Пирло да го донесе Един Џеко во Торино.

Тренерот на каталонците Роналд Куман увери дека доколку Суарез сепак остане на „Камп Ноу“, Уругваецот ќе влезе во неговите сметки.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама