Фудбал
Суарез отворен за трансфер во МЛС
Луис Суарез е отворен за преселба во МЛС доколку ја напушти Барселона.
Уругваецот изјави дека ја гледа Америка како добра опција и смета дека натпреварувањето таму се подобрило во последните години.
Членот на Барселона изјави дека би бил заинтересиран за преселба во МЛС кога ќе дојде време да се раздели со Барселона.
„МЛС е лига каде конкуренцијата порасна многу во последниве години“, рече Суарез.
„Јас имам договор со Барселона и среќен сум овде. Во иднина, никогаш не се знае, тоа е атрактивна лига“, рече Уругваецот.
Суарез сега има 32 години и има постигнато 185 голови на 260 настапи од неговото преселување во Барса во 2014 година.