Поврзи се со нас

Фудбал

Суарез: Знам колку болка чувствуваше Меси

Мадрид, 9 октомври 2020 (МИА) – Луис Суарез го коментираше начинот на кој ја напушти Барселона, како и реакцијата на неговиот поранешен соиграч Лионел Меси. Вчера напаѓачот играше за репрезентацијата на Уругвај и постигна гол во победата над Чиле од 2:1.

Суарез беше исфрлен од „Камп Ноу“, откако клубот објави дека повеќе не им е потребен. Меси тогаш се изјасни против одлуката и остро го критикуваше начинот на развој на ситуацијата.

– Не сум изненаден од Меси затоа што многу добро го познавам. Ја знам болката, а исто и јас. Тој почувствува дека ме исфрлија од клубот. Имаше и други начини да се однесуваат правилно кон мене. Овие работи направија да се чувствувам лошо, а моето семејство виде дека тоа влијае на мене. Кога се јави Атлетико, не се двоумев ни за момент, изјави Суарез.

Уругваецот одлично ја започна својата кариера во Атлетико Мадрид. Тој постигна два гола и асистираше на својот прв натпревар за клубот, иако влезе како резерва.

Advertisement

Facebook

Реклама