Connect with us

Фудбал

Судијата кој го „турна“ Реал во финале доби одлична понуда од Кина

По натпреварот на Сантијаго Бернабеу, турскиот судија често пати е споменуван во медиумите поради спорните ситуации.

Турскиот фудбалски судија, 41 годишниот Чакир доби одлична финансиска понуда од лидерот на кинеската лига.

Еден од најдобрите европски судии, кој неодамна ја делеше правдата помеѓу Реал и Баерн (2:2) и првиот натпревар од четврт финалето против Јувентус (0:3), може по СП (Светското првенство) да се пресели во Кина.

По натпреварот на Бернабеу, судијата беше доста пати прозиван поради одлуки кои беа штетни за Баерн.

Ако турскиот судија замине за Кина, тој нема да биде прв кој ќе промени континент.