Connect with us

Други спортови

Судијката ќе го тужи Ѓоковиќ, претрпела страв

Лаура Кларк, веројатно пред да биде погодена со топче од Новак Ѓоковиќ никој не ја знаеше, или поточно речена, јавноста не знаеше која е, иако учествуваше на многу тениски турнири. Станува збор за линиски судија, а откако беше ненамерно погодена од Новак Ѓоковиќ со топче на мечот со Пабло Карењо Бауста, стана планетарно позната.

Откако беше дисквалификуван српскиот тенисер, таа секој ден е на насловните страници на спортските медиуми. Го навлече гневот на голем број на љубители на тенисот и фанови на Ѓоковиќ, па токму поради тоа планира да го тужи тенисерот. Светските медиуми пишуваат дека таа наводно на социјалните мрежи добивала закажни по живот, поради што трпи голем страв и притисок и затоа ќе го тужи Ѓоковиќ.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com