Други спортови
Судот го ослободи, полицијата повторно го апси Новак Ѓоковиќ, сакаат да го депортираат од Австралија
Новак Ѓоковиќ повторно е уапсен и австралиските власти имаат намера да го депортираат.
Федералниот суд во Мелбурн ја поништи одлуката на австралиската влада за укинување на визата за најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и нареди негово ослободување.
Но, според најновите информации, полицијата дошла пред канцелариите на адвокатите кои го застапувале Новак Ѓоковиќ, за да го упасат и да го депортираат од државата.
– Непроспиени ноќи за целото семејство. Поминуваме низ многу тешки моменти, Новак покажа колку е упорен и колку верува во своите идеали и дека е голем човек и се борел не само за себе туку и за целиот свет. На од друга страна имаме систем во Австралија „Тој донесе одлука во полза на сите факти и немаше причина за друга одлука, а сега добиваме информации дека министерот за внатрешни работи очигледно е над судот, изјави таткото на Новак Ѓоковиќ.