Фудбал
Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Мароко
Фудбалскиот сојуз на Шпанија донесе одлука за локацијата за претстојниот Суперку.
Барселона и Севиља овој натпревар ќе го играат во Мароко и тоа на 12. август 22 часот по средноевропско време.
Ова ќе биде прв официјален натпревар кој ќе го означи почетокот на сезоната во Шпанија, а ќе играат победникот во Ла Лига и во Кралскиот Куп против финалистот во Кралскиот Куп.
Инаку, Суперкупот на Шпанија претходно се играше во два натпревари, а титулата минатата година ја освои Реал Мадрид.