Connect with us

Фудбал

Суперкупот на Шпанија се сведува на издавање, преносот неизвесен

Пристигнаа важни вести во врска со шпанскиот Супер куп што треба да се игра во Саудиска Арабија. Шпанската национална телевизија „ТВЕ“, одлучила да не учествува на аукцијата за радиодифузни права на натпреварите од „хуманитарни причини“.

Доколку се потврди оваа вест, последната фаза од настанот, што ќе се одржи помеѓу 8 и 12 јануари и ќе вклучува четири екипи за прв пат (Валенсија, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид), нема да се емитува во Шпанија.

Причините, како што е наведено погоре, имаат врска со изборот да се организира Суперкупот во земја во која се кршат човековите права и не се почитува слободата на говор.

Гласините за повлекување на „ТВЕ“ ги потврди и „Мундо Депортиво“, кој додаде дека претставниците на шпанскиот женски фудбал исто така биле против решението да играат во Ријад. Претседател на Шпанската фудбалска федерација, има поинакво мислење за ова.

„Суперкупот требаше да „згасне“. Не можеше да се игра во август. Парите што ќе се добијат ќе одат за женскиот фудбал и на оние на кои им требаат. Секако, парите се важни, кој може да го негира тоа?“