Connect with us

Фудбал

Суперкупот на УЕФА може да не се одржи поради ограничувања за влез во Унгарија

Лондон, 29 август 2020 (МИА) – Натпреварот за Суперкупот на УЕФА, кој е закажан за 24 септември во Будимпешта, може да не се одржи поради ограничувачки мерки за борба против ширењето на коронавирусот во Унгарија, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Претходно стана познато дека унгарската влада од 1 септември ќе го ограничи влезот во земјата за странците.

На натпреварот за УЕФА Суперкупот треба да играат германски Баерн и шпанска Севиља. УЕФА планираше да го одржи овој меч со публика (максимум 30 проценти од капацитетот на стадионот).

Според „Тајмс“ ограничувањата наметнати од унгарската влада ја доведуваат во прашање можноста натпреварот да се одржи во Будимпешта. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com