Поврзи се со нас

Кошарка

Супермен ги напушти Лејкерси и потпиша за седмиот НБА клуб во кариерата

Рејџон Рондо официјално се збогуваше со актуелниот НБА шампион Лос Анџелес Лејкерс и следната сезона ќе игра во Атланта Хоукс. Рондо кој беше еден од клучните кошаркари на „езерџиите“ во освојувањето на трофејот се одлучи следните две сезони да ги брони боите на франшизата од Џорџија.

Во просек по натпревар, во регуларниот дел од сезоната, тој запиша 19 минути, 7,5 поени, 7,3 скока и 1,1 блокада, но тие бројки паднаа во плејофот, откако немаше што да бара во конкуренцијата на Ентони Дејвис, па најмногу чекаше на шанса од клупата.

Тој потпиша двогодишен договор со Хоукс во кој ќе заработи 15 милиони долари.

loading...

Facebook