Фудбал
Сусо не сака да се врати во Милан
Крилниот шпански фудбалер Сусо е подготвен да остане во Севиља, во која пристигна на позајмица од Милан.
Сусо е среќен со игрите во Севилја и верува дека е подобар тука отколку во Милан, кој воопшто не планира да го врати назад.
„Постојат многу различни опции за мене да останам овде. Ако се квалификуваме во Лигата на шампионите, тогаш тоа е загарантирано. Среќен сум во Севилја и планирам да останам и следната сезона“, рече Сусо.
На осум натпревари од неговото пристигнување во Севилја, Сусо има постигнато еден гол.