Connect with us

Други спортови

Суспендиран светски шампион на 100 метри!

Светскиот шампион на 100 метри, Кристијан Колман (24) беше привремено суспендиран затоа што ги прекрши правилата во борбата против допинг.

Единицата за атлетски интегритет (АИУ) го казни Колман поради тоа што пропушти три теста во последните 12 месеци што може да доведе до едногодишна или двегодишна суспензија.

„АИУ ја потврдува привремената суспензија на Кристијан Колман за кршење на правилата за борба против допинг“, соопшти АИУ.

Колман ги пропушти тестовите во јануари, април и декември минатата година, а сега е во прашање неговиот настап на Олимписките игри во Токио.

Интересно е што Американецот пропушти и три теста пред Светското првенство во Доха, но тој успеа да докаже дека не го сторил тоа во период од 12 месеци, па добил дозвола за настап.

На Светското првенство во Катар, тој освои злато во трката на 100 метри со време од 9,76. Освои и злато во штафетата 4X100 метри. Во Лондон во 2017 година, тој освои сребро.