Connect with us

Фудбал

Суспендиран теренот на Башкими!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово  се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ .

Публиката во Куманово направи инциденти на натпреварот против Саса од Македонска Каменица, а иако делегатот не го прекина дуелот, следеше пријава во ФФМ и по разгледувањето на случајот следи суспензија.