Фудбал
Суспензијата на Меси поништена, се враќа!
Пари Сен Жермен го прифати извинувањето на Лионел Меси за заминувањето во Саудиска Арабија, па Аргентинецот утре ќе биде во составот на францускиот шампион против Ајачио во Париз.
Ова го потврди тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие.
-Меси утре ќе биде меѓу стартните 11. Тренираше на многу добро ниво, а неговото однесување е совршено“, изјави Галтие.
Пари Сен Жермен најпрвин го казни Меси поради неговото заминување во Саудиска Арабија, по што Аргентинецот се извини и објави дека сето тоа било недоразбирање.