Поврзи се со нас

Тајмаут

Светот згрозен од изјавата на пи-арот на Карабаг: Ние мора да ги убиеме нивните деца, жени, стари лица, нема каење!

УЕФА покрена постапка против шампионот на Азербејџан, Карабаг, поради шокантната и скандалозна изјава на нивниот ПР.

Нурлан Ибрахимов во Карабаг ја извршува должноста на лицето задолжено за односи со јавност, а со својот статус на Фејсбук отворено повика на конфликт со Ерменците.

Како што е познато, Азербејџан и Ерменија водат војна веќе некое време, а Ибрахимов ја охрабрува.

“Ние мора да ги убиеме Ерменците. Деца, жени, стари лица, без каење и сочувство. Ако не го сториме тоа, тие ќе не убијат”, напиша Ибрахимов.

Шампионот на Азербејџан може да биде нападнат од УЕФА поради неговите несоодветни објави, а и самиот клуб објавува разни работи поврзани со војната со Ерменија.

loading...

Facebook