Connect with us

Фудбал

Светот завиен во црно: Загина познат спортист после стравичен судир

Португалскиот мотоциклист Пауло Гонкалвес почина откако се судри за време на седмата етапа од релито Дакар, објавија организаторите.

Овој 40-годишник доживеа фатална несреќа по 276 километри дневно возење.

АФП наведува дека Гонкалвес не бил при свест кога пристигнале лекарите.

Веднаш бил пренесен со хеликоптер во болницата, каде била потврдена и неговата смрт.

Ова беше негов 13. настап на Дакар, а тој заврши на 10. место на пласман.