Connect with us

Други спортови

Светска спортска хероина: Од болнички кревет на Олимпијада

Published

on

Јапонката Рикако Ајки е вистинска приказна во светот на спортот.

20-годишната пливачка избори место на Олимписките игри во Токио на 100 метри пеперутка во мешаната штафета.

Ништо не би било невообичаено тука ако на Рикако Ајки не му беше дијагностицирана леукемија пред две години.

По закрепнувањето, таа се врати во базените. Иако сеуште не беше доволно подготвена, Ајки постигна сензационален резултат.

Од болничкиот кревет директно до Олимписките игри.

“Не го очекував ова. Изненадена сум. Никогаш не сум ја изгубила самодовербата во животот. Верував во овој момент”, рече Ајки со солзи.

 

Facebook