Други спортови
Светската шампионка позитивна на коронавирус: „Немав никакви симптоми“
Богларка Капас, Унгарката која беше светска шампионка во пливање, објави дека е позитивна на коронавирусот.
Таа им рече на сите да останат дома, бидејќи таа самата, без никакви симптоми, откри дека е заразена.
Беше тестирана двапати, првиот пат тестот покажа дека е негативен, но вториот покажа дека е позитивна.
„Бев тестирана за „КОВИД-19“ и тестирав позитивно, иако немав никакви симптоми. Затоа е важно да знаете дека треба да останете дома дури и ако се чувствувате здрави“, рече таа.