Фудбал
Светското првенство во Катар ја зеде првата жртва
По крајот на натпреварот Катар – Еквадор, големата ѕвезда на гостите – Енер Валенсија мораше да си замине со повреда.
Причина за ова е судир на теренот со фудбалер на земјата домаќин. Во првото полувреме, еквадорскиот напаѓач погоди двапати во голот на Катар за солидно водство на Латиноамериканците, а на самиот крај на првото полувреме двапати на теренот влезе лекарска екипа за да и помогне на Валенсија по различните удари кои ги доби од Катарците.
Веднаш беше третиран со мраз на коленото кога беше заменет, а Валенсија има пет дена да се опорави по следниот натпревар на Еквадорците против Холандија во групата А.