Фудбал
Sвездата на Јувентус сакаше да се збогува од фудбалот, зборовите на неговата мајка променија сè
Некои играчи едноставно не можат да се справат со притисокот што го носи играњето на високо ниво.
Аргентина го загуби финалниот натпревар од Германија на Светскиот куп во 2014 година по продолжението, а Гонзало Игуаин тогаш сакаше да стави крај на својата кариера.
Искусниот аргентински напаѓач го призна ова шест години подоцна во интервју за „Марк“. Неговата одлука беше изменета по зборовите на неговата мајка за тоа дека не треба да се откажува.
„Бев близу да престанам да играм фудбал, но мајка ми не го дозволуваше тоа. Таа ми рече дека треба да продолжам. Ако тоа беше до мене, ќе се откажев. Го сакам фудбалот, но мајка ми уште повеќе“, рече Игуан
„Таа ми рече дека не треба да се откажувам“.
Таа одлука се покажа како вистински потег. Тој постави голем број рекорди во Наполи, по што оствари звучен трансфер во Јувентус и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Како и да е, Игуаин моментно е во Аргентина со својата мајка, која е сериозно болна. Неговото враќање во Италија и Јувентус е сè уште неизвесно.