Connect with us

Тајмаут

Sвездата од Премиершип уништи Ламборџини, но за среќа немаше жртви

Фудбалерот на Шефилд Јунајтед, Лис Мусет, го уништи своето Ламборџини Авентадор.

Мусет доживеа сообраќајна несреќа во која му беше оштетен скапиот автомобил, но за среќа беше избегната поголема трагедија.

Тој имаше несреќа ноќта кон неделата и понеделникот. По истрагата, полицијата уапсила двајца мажи под обвинение дека возеле во алкохолизирана состојба.

Ламборџинито на Мусет било удрено од Ланд Ровер, кој удрил во ѕид, а потоа во паркиран автомобил.

“Страната на Ламборџинито беше целосно искината, парчињата беа насекаде по патот. Ленд Роверот сврте 90 степени, удри во камена ограда, протече бензин по улицата. Многу непријатна сцена. И ако некој поминуваше таму тогаш, ќе умреше, не сомнежи “, рече еден минувач.