Connect with us

Фудбал

Sвездите на Барса треперат од „генерал“ Куман

Барселона, 9 септември 2020 (МИА) – Мадридскиот весник „Марка“ откри како новиот тренер на Барселона, Роналд Куман го сменил пристапот кон тренинзите. Холанѓанецот го зголеми времето на тренинг на час и половина.

Исто така, постои скок во однос на интензитетот на вежбите. Претходно, тимот тренираше еден час, а во случај на сесија од час и половина, на ветераните им беше дозволено да се одморат.

Поранешниот член на „дрим-тимот“ на Јохан Кројф бара од играчите да пристигнат во базата во Барселона еден час пред почетокот на активностите.

Досега доцнењето беше во ред и тоа не му се допадна на новиот тренер, кој веќе покажува цврста рака и завидна решителност.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com