Други спортови
Свитолина се пласираше во финалето во Сингапур
Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во финалето на завршиот ВТА турнир во Сингапур.
Таа во полуфиналниот натпревар беше поуспешна од холандската тенисерка Кики Бертенс и по два часа и 42 минути игра ја совлада со 7:5, 6:7 (5-7), 6:4.
Свитолина за титулата во Сингапур ќе се соочи со подобрата од натпреварот помеѓу Слоун Стивенс и Каролина Плишкова.