Connect with us

Тајмаут

Таа на најстариот играч на Мундијалот му вети „незаборавна ноќ“, но имаше еден услов (ФОТО)

Поранешен уметник за тетоважи и сегашна ѕвезда на OnlyFans… Ванда Еспиноза му понуди дополнителна мотивација на голманот на Мексико Гиљермо Очоа пред почетокот на Светското првенство.

Мексико нема стигнато до четвртфиналето на Светското првенство од 1986 година и Ванда беше прашана како може да ја мотивира Очоа пред турнирот.

View this post on Instagram

A post shared by Wanda Espinosa (@vanda.barbie1)

Еспиноза има над 1,1 милион следбеници на Инстаграм и е подготвена да му подари на Очоа „ноќ за паметење“. Таа вети дека ќе му даде се доколку тој и неговите соиграчи се пласираат во четвртфиналето.

Така таа отиде чекор подалеку од нејзините „колеги“ од OnlyFans, Даниел Чавер и Џесика Соди, кои се обидуваат да ги мотивираат мексиканските интернационалци Лозано и Алваро Фидалго нудејќи им бесплатна претплата на нивните профили на страницата за возрасни.

Очоа е една од легендите на Мексико и импресионираше со своите одбрани на Светските првенства 2014 и 2018. Тој беше играч на натпреварот во ремито 0-0 против Бразил во 2014 година.

Очоа сега игра за мексиканскиот клуб Америка и со 37 години ќе биде еден од најстарите играчи на турнирот.