Тајмаут
Таа не се снајде најдобро во тенисот: Младата тенисерка одлучи да заработува пари на страница за возрасни
Анџелина Граовац, 19-годишна тенисерка од Австралија, сè уште не блескала на тениското игралиште.
Иако важеше за многу талентирана играчка, резултатите не го следеа нејзиниот талент, па затоа реши да заработи преку платформа која објавува содржина за возрасни – „Онилфанс“.
Популарната платформа им овозможува на сите да продаваат интимна содржина и многу познати личности заработуваат пари на овој начин правејќи голи фотографии и видеа.
Анџелина реши да го стори истото. Секако, привлече големо внимание, а бизнисот го развива и преку Инстаграм, каде постојано се промовира.
Фактот дека е посветена на оваа работа е јасен знак дека нема ништо од нејзината тениска кариера. Таа забележа само осум победи на 44 натпревари на ИТФ турнирите и не е ни чудо што реши да се посвети на други работи.