Connect with us

Други спортови

Таа се омажи за чеченски ѕвер, за разлика од Хабиб, тој на сите им ја покажа сопругата

Хамзат Чимаев еден од најдобрите УФЦ борци се ожени пред неколку дена.

Свадбата беше спектакуларна и јасно е дека борецот од Чеченија не штедеше на еден од најважните денови во животот да го направи незаборавен.

Долга колона скапи автомобили и џипови може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи.

Очекувано, на церемонијата присуствуваше и озлогласениот Рамзан Кадиров, кој е голем пријател на шведскиот борец, по потекло од Чеченија.

Свадбената церемонија беше одржана за време на викендот во Грозни, а целиот град изгледа застана додека колона автомобили минуваше низ градот.

Хамзат е познат како многу религиозен човек, а за разлика од неговиот „ментор“ Хабиб, тој решил на сите да ја покаже својата сопруга.

Ништо во руските медиуми не може да се најде за сопругата на Хамзат, а интересно е што овој борец не објави ништо на социјалните мрежи.

Снимките од свадбата можете да ги погледнете овде.

Чеченскиот ѕвер досега имаше ефект од 11 победи и ниту еден пораз во октагонот. Последен пат се бореше во април кога го победи Бразилецот Жилберт Барнс.