Други спортови
Таа се појави гола на сцената за да протестира, но го избра најлошиот можен момент да направи такво нешто
Американската ММА борец Хелен Пералта (34) привлече големо внимание на светските медиуми со она што го направи на официјалното мерење пред мечот со Полиана Ботелјо.
Оваа 34-годишна девојка на пресметката се појавила без горниот дел од облеката. Таа беше гола, а само мал дел од градите и беа покриени со гипс на кои беа испишани протестните зборови.
На овој начин Пералта реши да се справи со компанијата „Дизни“. Оваа компанија како сопственик на правата за емитување на ‘Ultimate Fighter’ го отстрани од емисијата делот во кој и Пералта ја соблече маицата.
Затоа решила на овој начин да го изрази својот протест. Таа се појави гола на сцената, а на лентите што и ги покриваа брадавиците пишуваше „Je**sh Disney“.
I hope Helen Peralta wins because I go up for (gender?)queer shit in the combat arts pic.twitter.com/riWeBW1Gqw
— Ra'il I'Nasah Kiam (@so_treu) September 29, 2022
Хелен привлече големо внимание пред нејзиниот натпревар, а можеби ќе беше подобро да одбереше подобар момент бидејќи не се прослави во борбата со Ботелјо.
Противничката беше подобра на овој натпревар. Таа славеше со едногласна одлука на судиите и со тоа го оправда епитетот благ фаворит на овој меч.
Очигледно и беше поважно на Пералта да ја испрати пораката што ја сака. Нејзините мисли беа таму и на крајот доживеа нов пораз.
Ова е нејзин трет пораз во осум настапи. Тоа не е рекорд со кој може да се пофали и се што се случува околу неа може да и затвори многу врати.
Засега таа се уште е член на промоцијата на Invicta. Таму ги водеше повеќето борби, но УФЦ останува и ќе остане само сон за неа.
Боксот без ракавици е многу подобар за оваа 34-годишна жена. Во овој спорт таа направи две борби и во двете излезе како победник.