Connect with us

Фудбал

Тајна клаузула во договорот на Ерлинг Халанд

Норвешката sвезда Ерлинг Халанд (19) одлучи да го напушти австрискиот Салцбург и оваа зима потпиша договор со Борусија Дортмунд.

Германскиот гигант порази многу европски великани во борбата да го потпише 19-годишниот напаѓач, меѓу кои и Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Халанд потпиша договор со Борусија до 2024 година, но според германскиот „Билд“, тој има посебна опција во договорот каде може да го напушти клубот уште во летото 2022 година.

Таа клаузула е сосема јасна. Ако во клубот дојде понуда од екипи како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус или Барселона и Норвежанецот е задоволен, тој ќе може да оди.

Така, овој 19-годишник би можел да го напушти Дортмунд за нешто повеќе од две години, што лесно може да се случи ако продолжи да игра во Борусија како во редовите на Салцбург.

Халанд беше одличен во редовите на австрискиот шампион. Тој одигра вкупно 22 натпревари, постигнувајќи дури 28 голови и запиша седум асистенции.