Connect with us

Други спортови

Тајсон добро заработи од хуманитарната борба со Рој Џонс Џуниор

По долги години пауза пред неколку дена Тајсон се врати во рингот. Тој беше дел од хуманитарен меч, или требаше да биде хуманитарен, каде боксуваше против исто така поранешен „тешкаш“ Рој Џонс Џуниор. Според пресметките и информациите на светските агенции голем интерес имало за овој натпревар, па се реализирале повеќе од милион телевизиски преноси, што секако значи добра продажба.

Наводно овој меч на организаторите им донел вкупна заработка од 50 милиони долари. Од оваа сума 10 се за Мајк Тајсон, а три за Рoј Џонс Џуниор. Навистина добра заработка за осум рунди по две минути, во меч на кој немаше победник.