Други спортови
Тајсон Фјури најави борба за паметење: „Ова ќе ги сруши сите рекорди“
Светскиот шампион во ВБЦ, Тајсон Фјури, најави дека следната година ќе се бори со шампионот на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану.
За време на неодамнешното интервју за iFL TV, Фјури објави дека е подготвен да влезе во рингот со шампионот на UFC и дека борбата е планирана за 2023 година.
“Следната година ќе се борам со Френсис Нгану во Лас Вегас. Тоа ќе биде во февруари или март. Оваа година не преговаравме бидејќи имам други обврски во рингот”, изјави Фјури, кој ќе се бори со Дилијан Вајт во април.
Сепак, следната година тој е подготвен за нешто поинакво предизвици во рингот.
„Можев да имам неколку борби следната година. Натпреварот со Нгану веројатно ќе ги собори сите рекорди во САД. Двајца шампиони во тешка категорија еден против друг. Нгану сака да боксува и тоа веројатно ќе се случи откако ќе му истече договорот со УФЦ.“ – изјави Фјури.
Џипси Кинг е во професионалната кариера со сооднос 31 победа и едно реми. Френсис Нгану, пак, има 17-3 во својата ММА кариера.