Connect with us

Други спортови

Тајсон конзумирал марихуана пред мечот со Џонс и упатил 193 удари

Легендарниот Мајк Тајсон изјави дека пушел „џоинт“ пред егзибицискиот натпревар против Рој Џонс и дека тоа ќе го стори повторно, бидејќи конзумирањето марихуана станало дел од неговиот живот. „Железниот“ Мајк за 16 минути борба му зададе дури 193 удари на противникот.

Легендите на боксот Мајк Тајсон и Рој Џонс одиграа ревијален натпревар во Лос Анџелес, кој на крајот беше прогласен за нерешен.

Општ впечаток е дека Тајсон бил поагресивен и попрецизен од неговиот три години помлад ривал, а по мечот призна дека конзумирал марихуана.

“Не можам да престанам да пушам. Пушам за време на натпревари, јас сум пушач. Пушам секој ден и тоа никогаш нема да престанани. Таков  сум јас. Нема никакво негативно влијание врз мене. Така правам, јас сум, така ќе умрам”, рече Тајсон на виртуелна прес-конференција по мечот.

Факт е дека Тајсон на противникот му даде дури 193 удари во текот на 16 минути од мечот против Џонс, од кои 67 завршија на целта (34,7% стапка на успех).

Во својата автобиографија „Неспорната вистина“, Тајсон призна дека честопати земал дрога пред натпреварите во текот на неговата кариера, а „Железниот“ Мајк на конференцијата додаде дека некои работи во неговиот живот никогаш нема да се повторат.

„Никогаш повеќе нема да бидам дебел Тајсон на кокаин“, рече Мајк.

Инаку, Тајсон одгледува марихуана веќе некое време, бидејќи во 2018 година се согласи да купи фарма канабис од 16 хектари во близина на градот Калифорнија.