Connect with us

Други спортови

Тајсон: Сакам да го гледам Новак, тој е мојот омилен тенисер

Легендарниот боксер Мајк Тајсон е голем љубител на тенисот, поради неговата ќерка која го игра, а за која многумина тврдат дека има светла иднина. Тајсон изјави дека го следи најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

„Сакам да го гледам, Новак е мојот омилен тенисер. Погледнете како се врати по повредата што ја имаше пред неколку години. „Погледнете како игра против Федерер или Надал“, изјави Тајсон и додаде:

„Тенисот ми го промени животот. Мислев дека знам се за се и дека конечно успеав во животот кога почнав да заработувам сериозни пари. Сепак, ништо од тоа не е поголемо од тенискиот успех на ќерка ми. Таа е поважна од се. Гледам дека станува нешто што никогаш не би била без тенис. Таа има голема самодоверба и тоа ми се допаѓа“.

Тајсон зборуваше за сето ова во неговиот подкаст наречен „Хотбоксин „со Мајк Тајсон“.

Во подкастот откри и дека неговата ќерка тренира со Серена Вилијамс, кога поранешната најдобра тенисерка на светот има време.