Connect with us

Кошарка

Така е кога Звезда „додава гас“ – гостите испратени со „стотка“

Во последниот натпревар од 14-то коло од АБА-лигата, кошаркарите на Црвена звезда вечерва ја совладаа словенечката екипа Крка во салата „Александар Николиќ“ со резултат 101-77.

Ова е осма победа во Звезда од почетокот на сезоната во АБА-лигата, а Крка го доживеа својот деветти пораз. Така, „црвено-белите“ се одмаздија со екипата на Крка за есенскиот пораз во Ново Место (79:77), по што тогаш тренерот на Звезда, Милан Томиќ, си поднесе оставка.