Connect with us

Фудбал

Талентираниот фудбалер сака да остане во ПСЖ, менаџерите му ја „полнат главата“ со други идеи

Танги Куаси ќе наполни 18 години за само неколку дена. Сепак, овој талентиран дефанзивец е член на првиот тим на ПСЖ уште од летото.

Според францускиот „Л’Екипе“, ПСЖ сака да го задржи младиот дефанзивец и да го „убеди“ да го потпише својот прв професионален договор со клубот.

Неговите менаџери, од друга страна, имаат и други желби, финансиска корист за себе.

Самиот Танги Куаси сака да потпише професионален договор со ПСЖ и да остане во неговиот клуб, но менаџерите му ја „полнат главата“ со други идеи.

Наводно, тие не останале имуни на понудите на Милан и Лајпциг, кои ветуваат голема финансиска придобивка и за претставниците на Куаси.

Доколку се верува на „Л’Екипе“, двата клуба нудат и провизија за менаџерите во случај на трансфер во износ од пет милиони евра.

Младиот дефанзивец, кој исто така може да игра во средниот ред, ќе биде слободен агент од 30 јуни, во случај да не потпише нов договор со ПСЖ …

Куаси оствари 13 настапи за првиот тим на ПСЖ во сезоната 2019/2020. Тој исто така успеа да постигне три гола и да запише една асистенција.