Connect with us

Фудбал

Талентот на Баерн ја освои престижната награда, оставајќи ги зад себе Халанд и Хаверц!

Баерн Минхен ја освои титулата, но откри и голем талент. Станува збор за Алфонсо Дејвис кој се покажа како фантастична инвестиција од германскиот шампион.

Канаѓанецот ја освои титулата и честопати остави свој белег на неколку натпревари. 19-годишниот играч играше на 23 натпревари како стартер, од 28 што ги играше во Бундеслигата оваа година. Тој успеа да постигне 3 гола во првенството.

Гласовите на фановите во Бундеслигата му ја доделија наградата како најдобар млад играч во сезоната 2019-20. Тој ги остави зад себе Ерлинг Халанд и ѕвездата на Леверкузен Каи Хаврц. Неговото животно патување беше фантастично, бидејќи успеа да стане професионален фудбалер со тоа што минува низ неколку тешки фази.