Кошарка
Тасовски уште една година во Гостивар, највозрасниот кошаркар, таму и ќе се пензионира
Кошаркарот со епитетот највозрасен во моментов, Диме Тасовски, последната сезона во кариерата ќе ја одигра во дресот на Гостивар. Ова е уште еден кошаркар кој го продолжи договорот со Гостивар, после Ивица Димчевски и Александар Костоски.
„Диме Тасовски. Еден од најдобрите играчи во историјата на македонската кошарка и еден од најтрофејните кошаркари реши да продолжи уште една година, последна во неговата кариера. Чест ни е што реши блескавата кариера да ја заврши во нашиот град“, објавија гостиварци на официјалната клупска страница на фејсбук.
За Тасовски ова ќе биде четврта сезона во кошаркарскиот клуб Гостивар. Тој пристигна во клубот на стартот на проектот, во 2017 година, од редовите на Работнички.