Connect with us

Фудбал

Таткото беше легенда на Јунајтед, а сега синот прва цел за голот на „Црвенит ѓаволи“

Манчестер јунајтед размислува да го привлече голманот на Лестер, Каспер Шмајхел. Синот на легендата на „црвените ѓаволи“ Питер Шмајхел е на списокот на клубот за да го реши проблемот на голманската позиција. Според раководството, голамнот на „лисиците“ ќе биде најпрофитабилната опција.

На „Олд Трафорд“ се загрижени за настапот на Давид Де Хеа. Шпанецот направи серија необични грешки оваа сезона, а неговата игра не беше блескава последната кампања.

Младинецот на клубот, Дин Хендерсон, ќе се врати во Манчестер Јунајтед по многу успешниот престој во Шефилд Јунајтед. Сепак, Оле Гунар Солскјер не е подготвен да се обложи на него како постојан стартер. Не е јасно дали голманот ќе остане, бидејќи сака гаранции дека ќе игра.

Евентуалниот трансфер на Шмајхел ќе понуди готово решение за проблемот, а на 23-годишниот Хендерсон не му биде дозволено да го продолжи својот развој на друго место.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама