Други спортови
Таткото на Ѓоковиќ бесен: Тој е виновен, ни нанесе голема штета
Срѓан Ѓоковиќ, татко на тенисерот Новак, е бесен и го нападна бугарскиот тенисер Григор Димитров за целата ситуација која се случува со коронавирусот.
-Зошто тоа се случило. Затоа што човекот веројатно дошол болен, кој знае од каде. Не се тестираше тука, се тестираше на некое друго место. Мислам дека тоа не е во ред. Добро, што да се прави. Нанесе голема штета во Хрватска, како и на нашето семејство во Србија, изјави Срѓан Ѓоковиќ за хрватски РТЛ.
Тенискиот турнир „Адриа Тоур“ е откажан откако стана јасно дека Димитров е позитивен на Ковид-19. Потоа уште еден тенисер и двајца тренер биеа позитивни. Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга се тестираа по враќањето во Белград и тие имаат позитивни тестови, а нивните деца негативни.