Connect with us

Други спортови

Таткото на Ѓоковиќ најави можен бојкот: Условите за вакцинирање против Ковид 19 се уцена

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги оцени како „уцена“ условите на организаторите за задолжително вакцинирање за настап на Австралија Опен и најави дека под такви услови не верува дека неговиот син ќе игра на турнирот во Мелбурн.

Директорот на Австралија Опен Крег Тил вчера ја повтори одлуката на организаторите дека сите тенисери, кои ќе сакаат да настап во Мелбурн, мораат да бидат вакцинирани против коронавирус.

– Новак со целото свое срце би сакал да се појави в Мелбурн, бидејќи е спортист, но под овие уцени и услови веројатно тоа нема да го стори. Јас лично тоа не би го направил. А тој е мој син, па заклучокот донесете го сами, изјави денеска за српските медиуми таткото на деветкратниот освојувач на Австралија Опен, Срѓан Ѓоковиќ.

Тој не откри дали Новак е вакциниран против коронавирус.

-Дали е вакциниран, тоа е негово ексклузивно право. Дали тоа ќе го објави?. Мислам дека нема. Ни јас не ја знам таа одлука, а и да ми е позната не би ја споделил со вас. Новак има право да одлучи како што сака, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

 

Реклама

Facebook

Реклама