Фудбал
Таткото на Лука Јовиќ бесен на медиумите во Србија: „Тие делуваат како да уби некој“
Напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ, се најде под сериозен удар на српската јавност, откако не успеа да ги испочитува правилата за домашна изолација.
Јовиќ се врати во Белград од Мадрид пред неколку дена, за да биде со семејството, но го прекрши правилото според кое мораше да помине 14 дена во изолација поради пандемија на коронавирус.
Сепак, напаѓачот на кралскиот клуб не го почитуваше тоа и како што пишуваат медиумите во Србија со неговата девојка Софија Милошевиќ се видени на улиците на Белград. Јовиќ се извини пред јавноста за неговото арогантно однесување и рече дека не сака никого да загрози.
На крајот на краиштата, неговиот татко Милан излезе, изјавувајќи дека нападот врз неговиот син, кој не направил ништо лошо, е како да убил човек.
„Не знам дали медиумите овде водат кампања против мојот син. Јас ви гарантирам дека тој не ги прекршил правилата. Тој не го напушта својот дом, освен кога треба да оди во супермаркетот за да купи храна”, рече Милан Јовиќ, додавајќи.
„Слушнав од мојата ќерка што велат весниците за Лука. Ние сме во постојан контакт и тој сигурно не ме лаже. Лука е добро момче и ја знае ситуацијата. Тој доби дозвола од клубот да се врати во Србија и не стори ништо лошо. Ваквите лаги може да му наштетат на неговата кариера затоа што веќе стигнале во Шпанија. Сега мора да му докажеме на Реал Мадрид дека тие се само лаги“.