Connect with us

Фудбал

Таткото на Меси изјави дека играчот може да остане во Барселона уште една година

Барселона, 3 септември 2020 (МИА) – Хорхе Меси, таткото на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, изјави дека фудбалерот може да остане во каталонскиот клуб и следната сезона.

Како што објави „Deportes Cuatro“, Меси постариот потврди дека 33-годишниот Аргентинец разгледува опција во која ќе помине уште една сезона во Барса.

Тој исто така истакна дека неговата средба со претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу поминала „многу добро“.

Претходно беше објавено дека Меси сака да ја напушти Барселона, користејќи ја опцијата во договорот, според која тој има право да го напушти тимот бесплатно. Според извештаите во медиумите, главен претендент за фудбалерот е Манчестер сити. зс/