Тајмаут
Таткото на напаѓачот на Реал: Лука не избега од карантин поради девојка
Српскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Јовиќ го навлече гневот на јавноста врз себе, но и на надлежните институции. Имено, тој реши да замине од Мадрид и да дојде во Белград додека трае кризата со коронавирусот.
Сепак, Србија ќе поднесе кривична пријава против него, бидејќи ги прекршил правилата за самоизолација и прекршување на одлуката за доаѓање во Србија од земји од висок и среден ризик. Шпанија е земја која е означена како висок ризик поради коронавирусот.
Српските медиуми објавија дека Лука Јовиќ избегал од карантин поради роденденот на неговата девојка Софија Милошевиќ.
Сепак, неговиот татко за српските медиуми вели тоа не е точно. Тој го брани неговиот син и вели дека пристигнал многу порано пред Србија да ги воведе мерките.
-Ова е кампања која се води против мојот син и навлекување на гнев кон него. Тој во Белград допатува уште пред неколку дена, пред Владата да ги донесе новите наредби. Мојот син не оди против законите, ја сака својата земја и ги почитува поставените правила, изјави Милан Јовиќ, татко на Лука.
Како што вели тој, Лука е во самоизолација во стан во Белград заедно со неговата сестра и не излегуваат освен до маркет или аптека. Лука Јовиќ е тестиран на коронавирус во Шпанија, а тестот бил негативен.