Connect with us

Фудбал

Таткото на Нејмар ги загуби нервите: До кога вакво насилство врз мојот син

Таткото на Нејмар ги загуби нервите откако неговиот син синоќа на дербито ПСЖ-Лионе (0:1) беше тешко повреден од противнички играч и со носилки беше изнесен надвор од теренот.

-По ѓаволите, до кога ова ќе се случува. Веќе долго време зборувам за овие работи, за ваквото насилство. Зошто не се прекине на првиот фаул, а не да се чека на седмиот или осмиот? Дали ВАР е потребен да сфатиме што е насилен прекршок? Дали ни се потребни повреди па да почнат судиите да носат чесни одлуки? Нејмар цела сезона трпи вакви фаули, секогаш насилни, вели напиша неговиот татко на Инстаграм.

Инаку, попладнево се очекува да биде познато за каква повреда станува збор.