Connect with us

Други спортови

Таткото на Новак Ѓоковиќ го губи трпението: „Ако стоката не го пушти, сите ќе одиме на улица“

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се уште е затворен на аеродромот во Мелбурн.

Ѓоковиќ денеска околу 13:30 часот по средноевропско време пристигна во Мелбурн, но не му беше дозволен влез во Австралија.

Новак добил ослободување од австралиските власти од строгите епидемиолошки правила и можел да аплицира за виза, но неговите луѓе погрешно ги пополниле формуларите, па тој се уште е во притвор на аеродромот.

Му бил одземен мобилниот телефон и му било забрането движење, а татко му Срѓан рекол дека го третираат како криминалец.

„Немам поим што се случува, го држат мојот син во заробеништво пет часа. Ова е борба за слободен свет. Ова не е борба само за Новак, туку борба за целиот свет. Целиот свет мора да оди и да се буни против стоката, ако не го пуштат за половина час ќе се собереме на улица, ова е борба за сите“, изјави таткото на Ѓоковиќ.

Новак пристигна со друштвото за да настапи на Австралија опен на 17 јануари, но не очекуваше дека работите ќе се одвиваат токму вака на првиот ден на австралиско тло.

Реклама

Facebook

Реклама