Други спортови
Таткото на Нурмагомедов: Може реванш со МекГрегор, но за 100 милиони долари
Конор МекГрегор постојано бара реванш од Нурмагомедов, но никако да го добие. Медиумите веќе почнаа да прават притисок, а пред се тука се промоторите кои очекуваат големи пари да за „завртат“.
По сето ова се огласи и таткото на Хабиб Нурмагомедов.

-И на нас ни е потребна одмазда против МекГрегор, но дајте ни 100 милиони долари. Ден по борбата со Фергусон уплатете го тој износ и тогаш може одмазда, зошто да не?
За потсетување, Хабиб Нурмагомедов славеше против МекГрегор во октомври 2018 година, а борбата ја реши во своја корист со гушење на противникот во четвртата рунда.