Connect with us

Други спортови

Таткото сигурно е горд: Мик Шумахер дебитира во Формула 1

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик, ќе дебитира во Формула 1 во болид на Алфа Ромео следниот месец на легендарниот Нирбургринг.

Трката за Големата награда на Германија е закажана за 11 октомври, а програмата започнува два дена порано кога ќе се одржи првиот слободен тренинг.

Денес беше потврдено дека Мик Шумахер исто така ќе дебитира во Формула 1 на првиот слободен тренинг во болид на Алфа Ромео управуван од Антонио Џовинаци.

Шумахер е член на Академијата на Ферари и моментално вози во Формула 2. Тој возеше болид на Ферари во Ф1, но кога имаше тестови.

Ова ќе биде негов прв настап во официјалниот дел, а тој ќе има шанса да покаже колку може на тренинзите. Џовинаци ќе го преземе болидот од вториот тренинг, и тој ќе учествува на трката.