Connect with us

Фудбал

Тажен ден за фудбалскиот свет! Поранешен репрезентативец, почина на 36 годишна возраст

Поранешниот дефанзивец на „Хартс и Ренџерс“, Литванецот Мариус Залиускас, почина на 37-годишна возраст откако се бореше со сериозно заболување, објави неговата сопруга.

– Отиде во вечен одмор, срцето на Мариус Залиускас престана да чука – напиша таа.

Залиускас требаше да го прослави својот 37 роденден за 11 дена, но ја загуби најважната борба во животот. Засекогаш ќе остане запаметен од фановите на Хартс како еден од омилените странци кои играле за „Хартс“.

Тој ги бранеше боите на тој шкотски клуб шест години, и беше член на тимот што го освои Националниот куп во 2012 година.

По напуштањето на „Хартс“, тој играше за Лидс, а по враќањето во шкотскиот фудбал, тој играше и една сезона за Глазгов Ренџерс.