Други спортови
Тажно е вака да се гледа еден од најдобрите, Рафаел Надал (ВИДЕО)
Најдобриот шпански тенисер на сите времиња Рафаел Надал ја напушти болницата со патерици по операцијата што ја имаше во петокот во Барселона. По повредата што ја заработи во јануари на Австралија опен, се очекуваше Надал да отсуствува од теренот шест до осум недели, но ситуацијата се покажа како комплицирана и Шпанецот мораше да замине “под нож“.
Rafa in crutches after the hip surgery.
Get well soon! 😢 pic.twitter.com/OoAsLKWGFq
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) June 5, 2023
Тој неодамна најави дека ќе паузира до крајот на сезоната, за да се обиде да го реши проблемот и целосно да се опорави пред следната сезона, која ќе биде последна во неговата кариера. Во петокот во Барселона, тој беше подложен на артроскопска операција на псоас мајор мускул, кој се наоѓа во латералната лумбална област помеѓу ‘рбетниот столб и работ на малата карлица.
Операцијата беше успешна и сега го чека исклучително долго и многу напорно закрепнување.
„Среќен сум затоа што го направивме она што го сакавме. Едноставно сме задоволни и ако го почитува времето за опоравување, мислам дека ќе може да се опорави. Брзањето никогаш не е добра идеја. Закрепнувањето трае околу пет месеци“, рече Руиз Которо, еден од лекарите кои ја направија интервенцијата.